Пејачката Бритни Спирс пред неколку дена доживеа незгода за време на танчерска проба. Таа ја скрши ногата, а сега моментот од незгодата го објави на социјалните мрежи.
Бритни беше итно хоспитализирана, а нејзиниот дечко Сем Асгари сподели неколку фотографии од болницата на својот „Инстаграм“ профил.
„Немав танцувано шест месеци, па во тој момент сакав да дадам сè од себе. И да, знам дека сум боса. Не ми се смејте. Точно се слуша кога ја скршив ногата. Се слушна гласно крцкање“, изјавила Бритни.
„Кога нешто ќе скршиш тоа обично зараснува посилно, особено кога си моја девојка. Мојата лавица скрши коска на стапалото правејќи тоа што најмногу го сака, танцувајќи. Ѝ посакувам брзо да се опорави за да може да скока, трча и танцува“, напиша Сем.
26-годишниот Сем и Бритни (38) се во врска неколку години. Сем ѝ беше голема поддршка на пејачката кога пред неколку месеци беше во клиника за рехабилитација. Тој ја поддржува и во правната битка со нејзиниот татко, кој сака да биде управител на нејзиниот имот.