(Видео) Блу Ајви и се придружи на Бијонсе на сцената во Париз, фановите велат ќе биде поголема ѕвезда од нејзината мајка

Ар-ен-би ѕвездата Бијонсе синоќа одржа концерт во Париз во рамките на турнејата, кога на својата публика и приреди изненадување.

Додека пееше еден од нејзините хитови, на сцената се појави нејзината единаесетгодишната ќерка Блу Ајви, а публиката врескаше едногласно.

Блу Ајви почна да танцува на сцената со танчерите и нејзината мајка. Опушетна и слободна на сцена ја освои публиката. Таа носеше сребрен костим, сличен на оној што го носеше Бијонсе.

Видеото кое се појави на социјалните мрежи брзо се прошири, а коментарите се дека Блу Ајви ќе биде поголема ѕвезда од нејзината мајка.

Scroll to Top