(Видео) Брановите ја однесоа Георгина додека позираше во морето

Кристијано Роналдо со неговата партнерка Георгина Родригез, деновиве крстарат со јахта по Средоземното море, а ги посетија и некои од најпопуларните италијански и португалски плажи.

На едно од патувањата, Георгина се обиде да позира и да сними видео додека се капеше во морето, но кога се обидуваше да влезе во подлабокото, брановите ја однесоа. Првиот бран успешно го совлада, но вториот ја бутна. Потоа дојде уште еден, а Георгина изгледаше како да се забавува. Дури ги насмеа и фановите.

„Вака е исто кога и јас кога ќе влезам во вода“, се шегуваа тие.

Scroll to Top