(ВИДЕО) Бред Пит пред 30 години глумел во филм со Милена Дравиќ

Пред 30 години премиерно бил прикажан филмот „Темната страна на сонцето“ во режија на Божо Николиќ. Тоа му бил прв филм на холивудскиот актер, а една од партнерките му била и Горица Поповиќ.

Глумицата неодамна се потсетила на снимањето на ова остварување и моментот кога првпат го забележала тогаш младиот и непознат Пит не размислувајќи дека подоцна тој ќе стане еден најдобрите холивудски глумци.

„Божо Николиќ во Будва го снимаше филмот со американски пари. На сетот доаѓа еден млад и убав глумец, кој веќе бил популарен меѓу германските туристи бидејќи, веројатно, играл во серијата ’Далас’. Жените го бркаа за време на снимањето“, се потсетува Горица Поповиќ и продолжува:

„Беше млад, слаб и како некое пиленце, но и тогаш беше голем професионалец. Прекрасно ја одигра улогата на момче што не смее да се изложува на сончеви зраци. Дошол да се лекува кај некој тревар, а тука ја нашол и својата љубов“, вели Горица.

Инаку, филмот бил сниман 1988 година, но поради војната на просторите на ексју, конечно бил завршен 1997 година.

Неподвижната мајка на Бред во филмот ја играла Милена Дравиќ, а Горица Поповиќ била нивната домашна помошничка.

Scroll to Top