Актерот Бредли Купер (50) присуствуваше на натпреварот помеѓу Вашингтон Командерс и Филаделфија Иглс.
Актерот излезе на теренот придружуван од ќерката, 7-годишната Ли де Сејн која ја доби со поранешната девојка, манекенката Ирина Шајк.
Бредли мавташе кон трибините, од кои доаѓаа извици на воодушевување.
На официјалниот Инстаграм профил на НФЛ беше објавено видео од Бредли и неговата ќерка.
„Доживотен фан на Eagles“, гласи описот на видеото кое ги воодушеви фановите.
„Овие двајца не може да бидат послатки“, се истакна еден коментар под видеото кое собра речиси 80.000 лајкови.