(Видео) Британците избраа сцена од „Сплетки“ за најсмешна во историјата

Сцената од серијата „Сплетки“, во која Дел Бој пропаѓа низ отворен шанк, е избрана за најсмешната во британските серии на сите времиња. Повеќе од 2000 Бртанци гласаа во анкета која ја спроведе телевизискиот канал Gold по повод 30 години од постоењето.

Станува збор за сцена во која Дел Бој за време на едно ноќно излегување, се потпира на шанк, кој во меѓувреме е подигнат, а тој нема приметено. Паѓа на под, а пријателот Тригер, не регистрира што се случува.

2000 Британци ја изгласаа оваа сцена за најсмешна. Во истата анкета 29% од Британците ја сметаат „Сплетки“ за омилена серија, а 59% го сметаат Дел Бој за најомилен лик.

Scroll to Top