(Видео) Бритни Спирс и британски водител глумеа љубовници

Американската пејачка Бритни Спирс викендов одржа концерт во лондонската „О2 арена“. Пејачката на себе носеше црн градник, долна облека и чорапи до колената. Публиката се воодушеви кога на сцената се појави англискиот водител и модел Рајлан Кларк Нил.

Силни овации се слушаа за време на изведбата на песната Freak Show. Бритни настапи заедно со Кларк, кои на публиката ѝ приредија големи изненадувања, пренесува британски „Сан“.

Водителот на сцената го одглуми нејзиниот поранешен љубовник, а танчарите му помогнаа да го одигра својот дел од улогата.

„Те сакам, Бритни. Каква ноќ“, коментирал потоа Кларк на социјалните мрежи на објавеното видео од концертот.

Фановите пресреќни го поздравија Кларк пофалувајќи го за покажаниот професионализам на сцената.

Бритни и Кларк се запознаа во 2016 година.

 

 

Scroll to Top