(Видео) Бритни Спирс и Елтон Џон ја објавија заедничката песна

Бритни Спирс и Елтон Џон ја објавија песната Hold Me Closer, која е преработка на неговата песна Tiny Dancer од 1971 година. Ова е прва песна на Бритни по шест години. Таа својата последна песна, Slumber Party, ја објави 2016 година.

„Прилично е кул што пеев со еден од најтренди мажите на нашето време. Ова е голема работа за мене“, напиша Бритни на Твитер.

Џон неделава ја изведе песната и пред публика, во ресторан на југот на Франција.

„Апсолутно сум воодушевен што имав можност да работам со Бритни Спирс. Таа навистина е икона, една од најголемите поп-ѕвезди на сите времиња и звучи неверојатно во оваа песна. Ја сакам многу и воодушевен сум од она што го создадовме заедно“, рече Џон.

Списанието „Ролинг стон“ ја вклучи оригиналната песна на Елтон меѓу 500-те  најдобри песни на сите времиња, и тоа на 47. место.

Scroll to Top