Чарли Шин (60), некогаш најплатениот актер на американската телевизија, се врати во центарот на вниманието по шокантното интервју за австралиската емисија „60 минути“. Таму, додека ја промовираше својата автобиографија „Книгата за Шин“ и документарецот на Нетфликс, тој отворено зборуваше за најтемните моменти од своето минато.
Шин откри дека во времето кога неговата зависност била на врвот, дури и останал без дрога бидејќи мексиканскиот картел престанал да го снабдува.
„Никогаш не виделе некој да зема толку многу. Мислеа дека препродавам на страна, па едноставно ме исклучија“, рече актерот, изненадувајќи ја дури и новинарката Амелија Адамс.
За време на интервјуто, тој се осврна и на гласините дека испушил седум грама крек кокаин за една ноќ. „Не го измеривме точно, но да, толку беше подготвено. Во еден момент реков: „Ќе ни треба поголемо луле“. Сега ми е смешно, но во исто време знам дека имав среќа што останав жив“, призна Шин.
Да потсетиме, Шин со години беше ѕвезда во хит серијата „Два и пол мажи“, за која заработуваше дури 1,8 милиони долари по епизода.
Сепак, по низа јавни испади и судири со продуцентот Чак Лори, тој беше отпуштен од серијата во 2011 година. Денес тој признава дека се кае за тоа. „Беше период на премногу лични проблеми – развод по развод, борба против зависноста, а во исто време се обидував да бидам присутен татко на моите деца. Не знаев како да се справам со сè“, рече Шин, кој има четири деца.
фото: принтскрин