(Видео) Даниел Крег тверкаше во реклама за вотка и покажа колку е неодоливо секси

Актерот Даниел Крег се појави во новата реклама за вотката Белведере.

Во рекламата, која е во режија на оскаровецот Таика Вејтити, Крег танцува во Париз од мостот Понт Нојф до луксузниот хотел Шевал Блан. Откако ќе влезе во хотелот, 54-годишниот актер продолжува да се движи во ритамот на песната од пејачката Рита Ора и раперот Гигс.

Крег оди во својот апартман, каде го чека споменатата марка вотка. На самиот крај од рекламата се појавува и самиот Вејтити кој на славниот актер му порачува: „Одиме од почеток, само овој пат биди свој“. 

Scroll to Top