(Видео) Дечкото ми посвети неколку тетоважи, Ким во шоуто на Елен зборуваше за врската со Пит Дејвидсон

Ким Кардашијан во шоуто на Елен Деџенерис зборуваше за врската со нејзиното ново момче, глумецот и комичар Пит Дејвидсон. Таа пред неколку дена и јавно објави дека се заедно, иако фановите веќе со месеци знаеа за нив.

Во шоуто на Елен, таа објасни како се запознале минатата година.

„Се чини дека врската на славните лица, во очите на фановите станува официјална дури откако ќе почнат да споделуваат фотографии на социјалните мрежи. Имам многу наши слатки фотографии кои сакам да ги објавам, но тогаш се задржувам и си велам дека можеби претерувам“, рече Ким.

На Елен ѝ рече дека размислува дали треба толку често да објавува фотографии со него.

„Не знам што е исправно. Не сум излегувала со нов дечко уште откако постои „Инстаграм“. Не знам кои се правилата“, рече Ким и дополни дека Пит веќе имал неколку тетоважи кои ѝ ги посветил на неа. „Мали се, но многу слатки“, рече таа.

Откри дека најдрага ѝ била онаа на која пишува „Мојата девојка е адвокатка и тоа навистина најмногу ми се допаѓа“. За потсетување, Ким студираше право и во иднина рече дека сака да биде адвокатка.

Scroll to Top