(Видео) Денис Родман плачеше во живо на Си-ен-ен

By

Некогашната кошаркарска ѕвезда Денис Родман се појави во програма во живо за да им даде поддршка на лидерите на САД и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Џонг-ун. За време на емитувањето на разговорот Денис Родман заплакал.

Поранешната кошаркарска ѕвезда на Чикаго говореше на телевизија дека пред неколку месеци не верувал дека денешниот самит ќе се случи.

Родман плачел додека ги опишувал своите чувства за самитот и потсетил на вербалните напади што ги добивал за време на контроверзната посета на Пјонгјанг, каде што го запознал Ким Џонг-ун.

„Им реков на сите дека вратата ќе се отвори“, изјавил Родман.

„Неверојатно, неверојатно, неверојатно. Кога ги велев овие работи, кога се вратив дома, добивав толку голем број смртни закани. Но, ја држев главата високо. Знаев дека работите ќе се променат. Знаев, а бев единствениот што веруваше во ова. Никогаш немав некој да ме слушне, да ме сфати. Но, ги издржав сите тие упатени куршуми кон мене. Но, јас и понатаму стојам. Денес е одличен ден за сите. За Сингапур, Токио, Кина, за сите. Одличен ден. Тука сум за да го видам сето тоа. Многу сум среќен“, изјавил Родман.

 

 

 

Ќе ви се допадне