(Видео) Десетгодишната Норт Вест е ѕвезда на спотот за новата песна на Канје Вест

10-годишната Норт Вест дебитираше во спотот за новата песна на нејзиниот татко Talking / Once Again со Тај Дола Сајн, кој беше објавен во средата, 7-ми февруари.

Некои од стиховите што ги отпеа Норт се вака: „Ми се допаѓа овде / ќе ја преземеме годината, уште една година / тоа е твојот најдобар пријател, госпоѓице Вести / Не обидувај се да ме тестираш / ќе биде незгодно / ќе стане незгодно / само благослови ме“.

На почетокот на видеото, Норт се појавува како рапува додека други и ја плетеат косата. Во видеото е и нејзиниот татко Канје Вест, а можете да видите кадри од Норт како му шепоти на уво, а раперот ја носи на рамениците.

Освен што го објави видеото на Јутјуб, Канје го сподели и на својата страница на Инстаграм. Објавата доби повеќе од 1,9 милиони лајкови.

„Talking / Once Again во режија на браќата Д’Иноченцо. Снимено од Матео Коко“, напиша тој во описот на снимката.

Scroll to Top