Италијанскиот бизнисмен и милионер, Џанлука Ваки, наполни 56 години. Роденденот го прослави со својата партнерка Шерон Фонсека, (28) која му приреди интимна роденденска прослава.
„Го славиме твојот живот, денес и засекогаш“, напиша таа на Инстаграм.
Шерон рече дека видеото на кое нивната ќерка го бара низ домот за да му даде роденденски подарок ја разнежни.
Бизнисменот, кој стана светски познат по лудите забави и со својот секси изглед, за роденденот носеше црна кошула во комбинација со зелени панталони.
Шерон не откри што му купила за роденденот. Тој претходно, за нејзиниот 28. роденден и купи автомобил.
View this post on Instagram