(Видео) Џанлука Ваки се соблече гол на ревакцина во Белград

By

Италијански милионер Џанлука Ваки го соблече сакото и кошулата и гол до појас ја прими втората вакцина против коронавирус во Белград. Тој пристигна со приватен авион, а се вакцинираше во една од салите на саемот во Белград.

Ваки беше цело време насмеан и добро расположен, а друштво му правеше сопругата манкенката Шерон Фонсека.

„Ви благодарам за одличната работа. Како што реков, драго ми е што сум тука и имам можност да бидам вакциниран. Се чувствувам како да сум дома. Како што знаете јас сум диџеј и едвај чекам да славиме сите кога ќе помине пандемијата и да направам концерт“, изјавил Ваки.

Тој објасни дека во Италија не можел да ја прими вакцината и дека му се укажала шанса да го направи тоа во Белград.

„Како што знаете Шерон е Американка и таа има право да ја прими вакцината каде ќе посака, а во Италија тогаш не беше можно. Мојата мајка живее со нас, многу е слаба, се избори со два рака, а имаме и ќерка која неодамна имаше операција, па сакавме да се осигураме. Белград ни даде шанса да го направиме тоа и како што гледате, тука се чувствувам како дома“, рекол Ваки.

 Кога стигна на новинарите им рече дека имал потекло од Србија.

„Од страна на мојот дедо имам српски корени и се чувствувам блиску до Србите. Јас сум со мешана крв. Јас сум многу поврзан со Белград. Фала ви многу. Луѓето секогаш убаво ме пречекуваат тука и јас сум многу среќен поради тоа“, рече Ваки.

Италијанецот рече дека организацијата била на врвно ниво. Рече дека сите вакцини биле добри и дека сите треба да ја примат за да бидат добро. Ваки рече дека немал нуспојави откако ја примил вакцината.

Ваки стигна во Србија да се вакцинира прку негов пријател. Пред да се врати тој им се заблагодари на сите.

„Се враќаме во Болоња, се вакциниравме во Белград. Фала ви Србијо“, рече Ваки во видеото кое го објави по вакцинирањето.

За потсетување, тој неодамна стана татко и со Шерон добија ќерка.

 

Ќе ви се допадне

Dimension W Episode 12

TwistMoe: Recorder and Randsell anime episode 13 online free at https://twistmoe.net gogoanime

https://animepahe.cc free anime online

AnimeDao: Harukanaru Toki no Naka de 3: Kurenai no Tsuki Special anime episode Full online free at https://animedao.nl animedao reddit

Cplusplus: http://www.cplusplus.com/user/gogoanimelol/

Qiita: https://qiita.com/gogoanimebe