(Видео) Џеј Ло и Бен Афлек снимени како страсно се бакнуваат

Два месеци откако латино-дивата и некогашниот спортист Алекс Родригез соопштија дека ставаат крај на својата врска, Џенифер Лопез изгледа посреќно од кога и да е во прегратките на својата поранешна љубов.

На почетокот на мај беше објавена веста дека Џенифер Лопез и Бен Афлек повторно се заедно, дури 17 години по раскинувањето.

Папарацо-фотографите од порталот Page Six успеале да го снимат популарниот пар како разменува нежности во Лос Анџелес, каде што Џеј Ло и Бен уживале во вечерата со семејството.

Поводот за вечерата била интимната прослава на 50. роденден на сестрата на пејачката, Линда, а на вечерата присуствувале и децата на Џенифер – Макс и Ема, како и нејзиниот поранешен сопруг, пејачот Марк Ентони.

Порталот пишува дека холивудскиот актер и латино-ѕвездата се бакнувале и смешкале цела вечер, а Џенифер не ги тргала рацете од Афлек.

Инаку, првпат по раскинувањето од 2004 година, парот бил виден во мај откако бејзбол-играчот Алекс Родригез и Џенифер соопштиле дека официјално раскинале.

Инаку, Афлек поради Џеј Ло повторно почнал да оди во сала за вежбање, а очевидци тврдат дека тоа го прават заедно.

 

Scroll to Top