(Видео) Џејда не му зборува на Вил Смит по шлаканицата на Крис Рок, ново видео од скандалот на „Оскарите“

Фановите се збунети од реакцијата на сопругата на Вил Смит, Џејда Пинкет-Смит, кога тој му удри шамар на водителот Крис Рок. Медиумите го пренесоа новото видео кое беше објавено на Тик Ток, а кое беше снимено од позади нив. Таа прво се сме , но во еден момент не реагира.

„Приметивте како неговата сопруга не му зборува ништо“, напишал еден од фановите кој го објави видеото во кое се гледа како глумецот се враќа на своето место до Џејда и оттаму му вика на Крис Рок повеќе да не го изговара нејзиното име.

За потсетување Вил Смит на 94 Оскари стана од местото и излезе на сцената каде му удри шамар на комичарот Крис Рок, откако овој кажа неумесна шега на сметка на неговата сопруга и нејзината избричена глава. Џејда како што е познато пати од алопеција, а на Вил не му се допадна тоа што Крис ја спореди со Деми Мур во филмот „Џи-ај Џејн“.

@_stephanieinca Reply to @ianfarnish ♬ original sound – Stephanieinca

Scroll to Top