Американскиот актер Џејсон Момоа играше стриптиз во популарното шоу Saturday Night Live. Тој глумеше еден од божикните духови во скечот по текст на Чарлс Дикенс, облечен како Дедо Мраз. Потоа се соблече во светкава облека и заигра стриптиз. Момоа беше водител на шоуто минатата недела, што се поклопи со промоцијата на неговиот најнов филм „Аквамен“.
Филмот за Аквамен, еден од хероите на „Ди-си комикс“, од вчера се прикажува во киното „Синеплекс“ во Скопје, а на 21 декември ќе ја има светската премиера.