(Видео) Џејсон Момоа се ослободи од брадата

Актерот Џејсон Момоа сакајќи да испрати јасна порака за зачувување на околината и пред сè океаните, реши да го промени својот имиџ и да ја избричи брадата пред целата јавност. Видеото актерот го објавил на „Инстаграм“.

Момоа објави кратко видео од сетот на неговиот нов филм Dune, во кое со бричењето симболично се прости од двете улоги кои му ја обележаа кариерата. Кал Дрого од серијата „Игра на престолот“ и прочуениот „Аквамен“.

„Збогум Дрого. Зборум Кари. Го правам ова за да ја известам јавноста како пластиката ја убива нашата планета. Го бричам овој ѕвер, време е за промени“, напишал Момоа на Инстаграм.

„Ајде заедно да направиме позитивни промени за доброто на нашата планета. Ајде да ги исчистиме океаните и земјата. Придружете ми се во ова патување. Ајде да преминеме на разградување на алуминиумот“, напиша Момоа.

Момоа досега поради неговиот див и бунтовнички имиџ беше признат како секс-симбол, но неговата целосна трансформација на изгледот ги изненади неговите фанови. Тие му порачаа дека без брада изгледа сосема поинаку.

Неговата долга и неуредена брада отсекогаш му биле заштитен знак, но по седум години Момоа вели дека решил да се ослободи од истата, во намерата да испрати порака до своите обожаватели. Во јануари годинава Момоа беше прогласен за најубав маж на целиот свет.

 

View this post on Instagram

 

Goodbye DROGO, AQUAMAN, DECLAN, BABA New YouTube episode please subscribe and share this video. LINK in BIO . I’m SHAVING this beast off, It’s time to make a change. A change for the better…for my kids, your kids, the world. Let’s make a positive change for the health of our planet. 🌎 Let’s clean up our oceans 🌊 our land ⛰. Join me on this journey. Let’s make the switch to infinitely recyclable aluminum. ♻️♻️♻️ Water in cans, not plastic. #ChangeisComing #mananalu #aluminum #aluminumcans #water #cannedwater #choosecans #recycle #plasticpollution #HydrateLike @ballcorporation shot on the amazing GEMINI by @reddigitalcinema and @leitzcine @leicacamerausa Aloha j. I’m sorry @i.am.aurelius does not know how to spell. It’s Infinitely RECYCLABLE. Not recycleable. He’s young. And I’m working. Sorry

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies) on

Scroll to Top