(Видео) Џенифер Анистон ги спаси наградите „Еми“, глумицата го изгасна пожарот во студиото

Глумицата Џенифер Анистон и водителот Џими Кимел успеаја да ги спасат наградите „Еми“ за време на објавувањето на победникот за најдобра женска улога во хумористична серија.

Анистон и Кимел прво го запалија пликото за да спречат ширење на заразата со коронавирус, а потоа мораа да го гаснат оганот со противпожарен апарат.

Ковертот беше спасен, а Џими го откри името на Кетрин О’Хара, за најдобра женска улога во хумористичната серија Schitt’s Creek.

„Џенифер ги спаси наградите ‘Еми’. Да не беше таа, ковертот ќе изгореше цел“, напишаа фановите на социјалните мрежи.

Годинешното доделување на наградите „Еми“ поради коронавирсот се организираше во домашна атмосфера кај номинираните. Некои од ѕвездите имаа можност покрај гламурозните тоалети, да се појават и во пижами и тренерки.

 

 

 

 

Scroll to Top