(Видео) Џенифер Лопез критикувана за концертот во Дубаи: доби пет милиони долари за настап

Џенифер Лопез го „запали“ Дубаи со својот настап на отворањето на хотелот One&Only One Za’abeel, а иако за него заработи дури пет милиони долари, настанот не помина без контроверзии.

Имено, Џенифер за својот настап избра неколку различни аутфити, а заедно со комбинацијата на ролка со светки и бели панталони, најмногу внимание привлекоа двата тесни комбинезони со светки.

Таа изведе песни како „Dinero“, „Jenny From The Block“, „Ain’t It Funny“, „I Will Survive“, „Let’s Get Loud“, а ентузијазам предизвика песната „Louboutins“, која вообичаено не ја изведува на концерти.

Снимката од нејзиниот жесток настап ги разбранува социјалните мрежи, но целиот настап не помина без контроверзии.

Според британскиот весник The Sun, американската ѕвезда добила дури 5 милиони долари за да биде почесен гостин на отворањето на хотел со пет ѕвезди, откако претходно тврдеше дека нема да настапи.

LGBTIQ+ заедницата во САД имаше проблем со нејзиниот настап на ова случување, сметајќи ја Џенифер за геј икона и ја критикуваа за законите во Обединетите Арапски Емирати кои ги забрануваат истополовите врски.

Имаше доста остри реакции, а актерката беше наречена лицемерна затоа што решила да настапи во таква земја.

На гламурозната вечер присуствуваа и актерите Ванеса Хаџенс и Идрис Елба.

Scroll to Top