(Видео) Џенифер Лопез во фустан кој ги натера сите погледи да бидат вперени кон неа

Џенифер Лопез прошета на црвениот тепих на доделувањето на наградите на магазинот Elle, а токму поради футуристичкото издание беше една од оние чиј аутфит привлече најголемо внимание.

Наградуваната пејачка и актерка заедно со нејзиниот сопруг Бен Афлек пристигнаа на доделувањето на наградите „Жени во Холивуд“ на списанието Elle што се одржа во Лос Анџелес.

На настанот Лопез носеше долг фустан кој беше составен од две парчиња – сребрен хромиран дел кој и ги покриваше градите и класичен долен дел со изрез позади.

Футуристичкиот горен дел на модното издание бараше актерката да се појави без , а градник, истовремено покажувајќи ја својата гола половина. Впечатливиот фустан го спои со црни чевли на платформа.

Изгледот го комплетираше со висечки обетки, а косата и беше крената во пунџа. Афлек беше облечен во класичен црн костум и вратоврска.

Познатиот пар, кој се венча во август 2022 година, сподели и бакнеж на црвениот тепих.

Scroll to Top