Холивудската актерка Џесика Алба освен што се занимава со актерството, пред неколку години ја издаде книгата „Искрениот живот“, а веќе година дена, сопственик е и на компанијата „Искрено“ (The Honest Company).
Алба слободното време, кое што го има поради панедмијата со коронавирус, го искористи за да сподели со фановите дел од секојдневниот живот.
„Искрено, како што е и името на мојата книга, а и на компанијата, посебно го избрав од оваа причина, за најискрено да споделам се со моите фанови“ , изјави актерката за американските медиуми.
Џесика Алба сподели видео во кое повика во месецот на жената, сите жени да си одберат предизвик, кој ќе го направат лично само за себе, предизвик во кој ќе се поттикнуваат сите жени меѓусебно, ќе се разбиваат стереотипите за да не постои повеќе родова пристрасност и нееднаквост.
„Годинава во овој месец на жената, темата е ‘Избери предизвик лично за себе’. Сите сме одговорни за сопствените мисли и постапки цел ден, секој ден, и треба да избереме да ги поттикнуваме жените и да ги разбиваме стереотипите. ️ Дали знаевте дека 73% од жените доживуваат пристрасност на работа? Тотално неприфатливо. Дали знаевте дека само 37 компании во ‘Fortune 500’ ги водат жени? Или, дали знаевте дека само 34% од местата на одборот на ‘Fortune 500’ ги држат жени и малцинства? Ова треба да се промени. Јасно е дека сите имаме многу работа да направиме. Во ‘The Honest Company’, решени сме да продолжиме да ја поддржуваме женската работна сила, така што сите жени ќе се чувствуваат безбедно,професионално и лично. 68% од нашата работна сила се жени и 59% од нашиот лидерски тим се жени – жените се во основата на сè што правиме. Оваа година, сакав да се предизвикам себе си, сите жени од мој тим и мојата компанија, како и сите жени во светот, да повикам кога ќе видиме родова пристрасност и нееднаквост да се спротивставиме. Придружете ни се. Да избереме заедно предизвик“, рече Алба во видеото.
View this post on Instagram