(Видео) Џони Деп се облече како Џек Спероу и му испрати порака на болно дете од Британија

Актерот Џони Деп му исполни желба на тешко болно момче од Британија. Кори е обожавател на „Пиратите од Карибите“, кој имал две неуспешни трансплантации на срце.

Тој и неговото семејство од Дербишир не знаат колку време му преостанува да живее. Една од неговите последни желби била да разговара со својот идол, капетанот Џек Спероу.

Кори, неодамна го отворил Јутјуб каналот Kraken the Box, кој веќе има повеќе од 160.000 следбеници. Меѓу нив е и Деп, кој ја облекол својата позната пиратска облека за да сними  порака.

„Ти ја посакувам целата среќа на светот. Јас сум твојот обожавател број еден, капетане Кори. Секоја чест, ти испраќам љубов пријателе“, му порачал актерот.

Деп рече дека ќе ги поттикне своите пријатели да го следат каналот на Кори.

Мајката на Кори, Пикси, рекла дека пораката, организирана од добротворната организација Make A Wish,  го подигнала духот на нејзиниот син во тешкиот период за семејството.

 

Scroll to Top