(Видео) Џорџ Клуни не размислувал да стане татко додека не ја запознал Амал

Холивудскиот актер Џорџ Клуни и адвокатката Амал, се во седмата година од нивниот брак, од кој ги имаат двете деца, тригодишните близнаци Александар и Ел.

Иако уште лани, магазинот „Нова идеја“ објави дека семејството Клуни планира да го напушти својот дом во Велика Британија, за да може Џорџ да ја продолжи кариерата во Калифорнија, како и дека бракот на Клуни подолго време е на разнишан терен и наводно се разделени поради бурниот начин на живот.

Последниот во низата обвинувања за нивната лоша врска, на британскиов магазин, е дека Клуни ќе се обиде да го спаси бракот со заминување во Калифорнија каде што ќе ја испроба својата моќ во политичките води.

Но Клуни во интервју за магазинот „Денес“ ги разјасни сите шпекулации појаснувајќи дека неговиот однос со Амал е одличен и дури и откри зошто ги чекал 50. години за да стане татко.

59-годишниот актер во познатиот британски магазин кажа дека не размислувал да стане татко, се додека не ја најде личноста со која навистина сака да воспитува дете, а и дека родителството не му доаѓало ни на крај памет кога бил млад.

„Не сфатив дека сакам да станам татко сè додека не ја најдов вистинската личност со која би ги воспитал децата“, рече тогаш актерот.

„За многу луѓе, станувањето родител е главна цел во животот. Не за мене. Имав чувство дека имам исполнет живот и за тоа не ми требаа деца. Тогаш ја запознав Амал и сфатив дека мојот живот до тој момент беше празен. Дури кога станав татко, видов некои работи појасно“, додаде Џорџ.

Во интервјуто тој додеде и дека карантинот позитивно влијаел на нив, и поминале многу време заедно како семејство.

Scroll to Top