Актерката Џулија Робертс на средината на ноември ќе го промовира својот последен филм „Чудо“. Taa пред неколку дена беше гостинка во шоуто на еден од најпопуларните комичари и ТВ-водители во Америка, Џејмс Корден. Освен што зборуваа за претстојната премиера, двајцата на комичен начин глумеа сцени од нејзините 26 филма, вклучувајќи ги и најпознатите реплики од „Убава жена“, „Нотинг хил“, „Свадбата на мојот најдобар пријател“ и сето тоа за помалку од 10 минути.