(Видео) Доналд Трамп на телевизија со портокалово лице и исплазен јазик

Телевизиска станица во Сиетл го отпуштила уредникот на вестите чиј идентитет засега не е објавен, по објавувањето на дигитално изменета видеоснимка од претседателот Доналд Трамп од овалната соба во Белата куќа.

Станува збор за телевизијата Ку-13, која е подружница на „Фокс њуз“. На видеото целото лице на Трамп му е со портокалова боја, а бил потенциран и делот кога претседателот го исплазува јазикот, откако завршил со изјавата.

Филтрираните бои од видеозаписот изгледаат претерано измонтирани, исто како и неговиот јазик. Minorthvest.com објавиле сличен видеозапис и не се согласуваат со оригиналниот видеозапис, кој од тогаш е симнат од програмата на Kу-13.

„Ова не ги задоволува нашите уредувачки стандарди и жалиме што претседателот е претставен во негативно светло“, изјавил директорот на вестите, Ерик Хил.

Хил исто така потврдил во четвртокот дека службите во телевизиската станица го истражиле инцидентот и го отпуштиле дотичниот уредник.

„Ја завршивме нашата истрага за овој инцидент и утврдивме дека вината треба да ја сноси поединечниот уредник, чиј работен однос е прекинат“, изјавил Хил.

 

Scroll to Top