(Видео) Дуа Липа го објави новиот спот: Конечно пристигна “Physical”

Пејачката Дуа Липа го објави новиот спот за песната “Physical” која е дел од претстојниот албум со наслов “Future Nostalgia”. Ова е втора песна од претстојниот албум, по песната “Don’t Start Now”. Новиот хит “Physical” беше најавуван неколку дена претходно преку кратки трејлери, како и неколку фотографии од омотот на “Future Nostalgia”. Песната на Јутјуб е прегледана веќе повеќе од три милиони пати, а коментарите и критиките за одлични.

“‘Physical’ конечно пристигна. Бев многу возбудена и едвај чекав песната и спотот да бидат објавени. Особено сум среќна и задоволна што имав прилика да работам со неверојатен тим. Ве сакам”, напишала пејачката на својот Инстаграм профил по објавување на песната.

Scroll to Top