(Видео) Една од најпознатите гимнастичарки ги зголеми градите и отворено зборуваше за тоа: објави и снимка пред и по операцијата

Една од најпознатите гимнастичарки, Симон Бајлс, во последните неколку месеци е многу повеќе актуелна во медиумите од порано, и не станува збор само за нејзините спортски успеси, на кои сме навикнати.

Како што отсекогаш била транспарентна, особено во комуникацијата со својата публика, Симон зборуваше и за сите козметички корекции што ги имала и „призна“ сè.

@simonebilesowens

been feeling really good lately 🥹

♬ original sound – 𝒶𝓂𝒶𝒾 🌀☀️

Веројатно немала поим колку интерес ќе предизвика нејзиното обраќање, како и за нејзината искреност за пластичните операции, што е нешто за кое јавните личности ретко сакаат да зборуваат.

Овој пат, Симон Бајлс „ја отвори душата“ уште повеќе и сними видео во кое го покажува својот изглед пред зголемувањето на градите и сега, по операцијата.

@simonebilesowens

before & after the 🍒’s

♬ motive x promiscuous – ℳ💞

„Добро, јасно можете да ја видите разликата. Но, освен тоа, станува збор само за тоа да се чувствувате добро во сопствената кожа и да се сакате себеси, а јас отсекогаш сум била многу отворена за тоа“, рече Симон.

Гимнастичарката додаде дека и претходно не се чувствувала лошо во врска со своето тело, но едноставно сакала да го промени тој дел.

„И не е дека не ми се допаѓаше како изгледам или како се чувствувам, тоа е само нешто што, се разбира, го забележувам малку повеќе бидејќи живеам во ова тело, едноставно сум навикната на тоа. Гледањето како освојувам медали на Олимписките игри – тоа не е нешто со кое луѓето можат да се поврзат. Но, она со што можат да се поврзат е како се чувствуваме за себе, за што зборуваме, низ што поминуваме и како го споделуваме тоа отворено, искрено. И затоа решив да го споделам“, рече Симон претходно во едно од своите обраќања до фановите.

фото: Depositphotos

Scroll to Top