Актерот и режисер Џастин Балдони се појави во најавата за претстојната епизода од подкастот Gent’s Talk, во која изгледаше многу емотивно за сето она што го поминува во последно време.
„Имав интензивна година. Испратив порака утрово. Вознемирен сум. Се уште не сум зборувал за ова“, рекол 41-годишниот Балдони во најавата за претстојната епизода.
Интервјуто, кое треба да биде објавено денеска, е снимено во ноември, еден месец пред Блејк Лајвли да поднесе тужба за сексуално вознемирување и да го обвини Балдони дека води кампања за оцрнување против неа. Актерот потоа ги отфрли обвинувањата на својата колешка и исто така поднесе тужба за клевета против Њујорк Тајмс, кој известуваше за жалбата на актерката.