Шпанскиот пејач Енрике Иглесијас (43) на концерт во Украина бакна ожавателка во уста која се качи на сцената. Додека популарниот латино-пејач изведувал еден од своите хитови, а девојката истрчала на сцената, откако му го дала подарокот, девојката го бакнала пејачот во уста, но не очекувала дека тој ќе ѝ возврати на ист начин.
Таа од среќа со рацете цврсто го држела околу вратот, а фановите со сета сила врескале додека Енрике ја бакнувал девојката.
Бакнежите на сцената се само дел од шоу-програмата на Енрике, и не ретко ги практикува на своите настапи.
Енрике е во долгогодишна љубов со поранешната руска тенисерка Ана Курникова, а популарната двојка во декември 2017 година доби близнаци.