(Видео) Фан ја фрли пепелта на мајка му на концерт на Пинк

Непознат маж ја фрли пепелта на мајка му на концерт на Пинк. Пејачката за момент го прекина настапот кога виде како кремираните останки од мајка му завршија на сцената. Инцидентот се случи на фестивалот British Summer Time во лондонскиот Хајд Парк, кога кеса полна со пепел заврши на сцената до Пинк.

„Дали е тоа твојата мајка? Не знам како да се чувствувам после ова?“, му рече Пинк која ја фрли кесата позади звучниците и продолжи со настапот.

Многумина го осудуија фанот и коментираа дека безбедноста на концертите е нарушена и дека ако луѓето во иднина продолжат да бидат чудни треба детално да бидат прегледани од обезбедувањето што носат на концертите. Имало и такви кои коментираа дека пејачката требало да ја истури пепелта врз публиката.

Scroll to Top