(Видео) Фановите го обвинија синот на Том Хенкс за расизам

Синот на холивудскиот актер Том Хенкс, Чет, е критикуван затоа што користел „расистички фонт“ на неговата нова колекција облека, со контроверзно име „Лето на бело момче“.

Тој го користел фонтот gothica, кој е поврзан со движењата на белите суперматисти. Фонотот е сличне на Fraktur, кој го користел Хитлер за неговата книга Mein Kampf.

Од неговата пијар служба, објасниле дека името на колекцијата е само игра со зборови на името на песната на Мега Ти Сталион – “Hot Girls Summer”.

„Сфатете го тоа како сакате, но зборувам за Трамп. Зборувам за себе, за бели рапери, тој тип на мажи. Знаете ли што White Boy Summer. Тоа не е да се биде злобен и да се има предрасуди кон било кој на основа на различна раса, потекло или начин на живот. Сакам да видам бели момчиња и црни кралици како ги носат тие маици”, изјавил Чет.

Синот на Том Хенкс веќе бил критикуван поради расизам, бидејќи минатата година објавил снимка на кој имитира јамајкански акцент.

 

Scroll to Top