(Видео) Фановите ѝ рекоа на Мадона дека личела на вонземјанин

По најновото видео фановите ја споредија Мадона со вонземјанин. Со белите веѓи, пренагласените јаболчици, искосените очи и полните усни, таа повеќе не личи на себе, а многумина ја критикуваа дека се деформирала од големиот број пластичните операции.

Кралицата на поп-музиката вели дека не ѝ пречат коментарите и дека не им обрнува внимание. Напротив, се гордее со изгледот и ќе продолжи да објавува нејзините фотографии и видеа. Овој пат сподели видео на кое им испрати бакнежи, а многумина ѝ напишаа дека изгледа заледено и непрепознатливо.

@madonna♬ Breakfast – Dove Cameron

„Дали си добро? Збунет сум од нејзиниот изглед. Ова не е Мадона. Па ти си едно мало зелено суштество. Ми недостига Мадона, а не оваа жена. Не знам која е оваа. Која си ти? Повеќе не те препознавам“, биле само некои од коментарите.

За потсетување, пејачката порано зборуваше дека е голем противник на пластичните операции и рече дека никогаш во животот не направила ниту една корекција на нејзиното лице.

„Никогаш не сум направила естетска операција. Ми се гади од самата помисла некој да ве заспие, а потоа да ве нападне со нож и да ве разубави. Својата појава ја должам на гените и здравиот начин на живот“, рече Мадона во едно интервју во 2018 година.

Scroll to Top