(Видео) Фановите се срамат од Мадона, откако објави божиќно видео

Кралицата на поп музиката Мадона повторно предизвика коментари нејзините следбеници на социјалните мрежи по најновата објава на Инстаграм. Пејачката објави кратко видео кое започнува со позирање во божиќен костим и долна облека, а завршува со слика со семејството.

Мадона во видеото гледа во камерата, прво во костим на Дедо Мраз, а потоа во црна долна облека, додека во позадина игра Дедо Мраз. Видеото завршува додека позира со нејзините малолетните деца Дејвид, Мерси, Стела и Естере.

Видеото досега собра илјадници коментари, од кои повеќето се негативни, најмногу поради позирањето во долна облека и фотографирањето со деца во истата објава.

„Срам ми е да го гледам ова“, „Кој и дозволува да објавува вакви видеа“, „Колку може да биде морничава Мадона“, „Која си ти и што направи од Мадона“, „Дали некој друг се плаши од нејзините очи“ , „Веќе не знам која е оваа личност“, „Бизарно видео“, „Одземете и го мобилниот телефон“, „Ова е многу чудна објава“, се само дел од коментарите.

Scroll to Top