Филмската ѕвезда Дајан Китон глуми во новиот спот за песната „Ghost“ на поп-ѕвездата Џастин Бибер, како негова баба.
По смртта на неговиот дедо, внукот повторно се поврзува со својата баба преку заеднички прошетки п плажата Вентура, излегувања на коктели и игранки.
Китон вели дека уживала во нејзиниот прв музички спот.
„Ме повика и јас му реков: Да, се разбира. Мислам дека песната е прекрасна. Во споредба со меморирањето реплики за игран филм, ова беше чиста забава. Цел живот, бев актерка и имав реплики, понекогаш морав малку да ги олабавам, но ова беше сосема лабаво и опуштено. Никој никогаш не ми рече ништо да направам, што го направи процесот толку забавен”, вели Китон за „Вог“.