Актерката Голди Хоун е во осмата деценија од животот, но не престанува да изненадува со својата енергија. Неодамна на својот Инстаграм профил сподели како вежба на трамбулина и тоа на звуци од песна на Дуа Липа.
На наекзиниот профил има многу видеа што може да ве мотивираат. Голди обожува да пее, па често тоа го споделува со инстаграм публиката.
Исто така, за Светскиот ден на танцот сподели видео кое е компилација од нејзини танц-движења од различни филмови од кое сфаќате дека енергијата и духот ги одржува исто како и телото.