(Видео) Голем скандал на Греми наградите: познат рапер е уапсен и однесен со лисици

Познатиот рапер Килер Мајк, чие вистинско име е Мајкл Рендер, беше одведен со лисици од арената Крипто.ком за време на доделувањето на Греми наградите. Ова се случи откако на синоќешната церемонија доби три награди.

Како што пишува Њујорк Пост, Мајк бил уапсен поради наводна физичка пресметка со обезбедувањето на настанот.

На видеото кое беше објавено на мрежите се гледа како славниот рапер шета низ салата со најмалку двајца полицајци и неколку мажи во црни одела.

Видеото го објави Крис Гарднер од Холивуд Репортер, кој изјави дека постои можност раперот наскоро да биде ослободен.

Мајк освои три награди на наградата: најдобра рап песна, најдобра рап изведба и најдобар рап албум.

Потсетуваме, на 66-тото доделување на Греми наградите, пејачката Тејлор Свифт испиша историја бидејќи беше првата уметница која четири пати ја освоила Греми.

Scroll to Top