(ВИДЕО) Гвен Стефани  се враќа на топ -листите

 

Американската музичка ѕвезда Гвен Стефани  на големо работи на четвртиот соло студиски албум. Една од најавите за ова издание е и песната „You make it feel like Christmas“, која познатата пејачка ја отпеа со легендата на кантри сцената Блејк Шелтон.

Пејачката која светската слава ја стекна како член на познатата група „No Doubt“ сериозно се подготвува за враќање на топ-листите.

Новиот соло во продажните места би требало да се појави од 6 октомври.

Претходниот албум, „This Is What the Truth Feels Like“,  Гвен го издаде во март 2016, после 10 години пауза.

Scroll to Top