Обожавателите на Гвинет Палтроу се убедени дека актерката суптилно ја провоцира Меган Маркл додека таа се снимаше како прави појадок во својата кујна облечена во пижами. Основачот на брендот Goop, 52-годишната Гвинет во саботата на Инстаграм објави видео на кое подготвува појадок.
Видеото доаѓа откако Меган на Нетфликс го започна своето готвачко шоу „Со љубов, Меган“, кое, и покрај лошите критики, ќе има втора сезона. Во текот на целата серија, Меган изгледа беспрекорно, облечена во луксузни дизајнерски парчиња додека готви во туѓа, изнајмена кујна.
Од друга страна, Гвинет во својот спот се појави без шминка, во лежерни пижами со пруги, користејќи ја песната This Will Be (An Everlasting Love) од Натали Кол, која се користи и во промотивните материјали за шоуто на Меган на Нетфликс.
Фановите брзо реагираа на социјалните мрежи. „Гвинет Палтроу продолжува суптилно да провоцира, а јас сум за тоа! Без шминка, во нејзината вистинска кујна“, „Дури и музиката… тоа е This Will Be (Everlasting Love) на Натали Кол“, „Хаха, нели е тоа песната што ја користат за да ја промовираат Меган Маркл?“, „Така приземјена и природна, во пижами, разбушавена коса, без шминка, пие кафе. Едноставна и опуштена“, се дел од коментарите на Икс.
Еден обожавател додаде: „Браво, Гвинет. И таа има вистинско куче, во вистинска кујна, во нејзината куќа“. „Умирам од смеење. Таа не мора да каже ниту збор. Автентична и подобра во секој поглед, во пижами, без шминка, а сепак толку софистицирана“, напишал друг следбеник.