(Видео) Хајди Клум за сексуалниот живот со 17 години помладиот сопруг: „Поминуваме часови во спалната соба“

Манекенката на прашањата одговараше без влакна на јазикот. Хајди Клум од 2019 година е во брак со нејзиниот сопруг Том Каулика, кој е 17 години помлад од неа.

Сега таа зборуваше за нивниот сексуален живот, и откри дека сакаат да пробуваат секакви работи.

„Зошто да не користите играчки? Ако трае неколку часа, се може да се случи. На мажите им е потешко, мора да имаат многу поголема издржливост. Многу мажи не можат да водат љубов со часови. Мојот сопруг може“, рече Хајди во подкаст.

Таа се осврна и на својот љубовен живот, а напомена дека нема тип на мажи.

„Погледнете ја мојата љубовна историја. Бев со ќелави, постари, со долги коси, слаби. Нивните карактери беа исто така многу различни“, рече манекенката и додаде:

„На крајот од денот, сакате да бидете со некој со кој ви е удобно. Некој кој прави да се чувствувате одлично и кој ве разбира“.

Scroll to Top