Актерката Хали Бери му пријде на актерот Адриен Броди на црвениот тепих на Оскарите и страсно го бакна пред сите.
Додека актерот му даваше интервју на водителот Марио Лопез, Бери му пријде и однапред и се извини на својата девојка Џорџина Чепмен. „Извини Џорџина, но морам да го направам ова“, рече таа, а потоа го бакна актерот во уста.
Потоа и двајцата се насмеале и продолжиле да се гушкаат, а актерката изјавила дека чекала 21 година за да го „фати“ на црвениот тепих и да го бакне.