Холивудската глумица Хали Бери им се пофали на фановите за време на напорниот тренинг во вежбалница. Таа иако е веќе влезена во шестата деценија од својот живот, не се откажува од нејзиниот совршен изглед и одбива да остари.
Бери објави видео и се пофали со своите стомачни мускули и рамен стомак. Фановите ја пофалија дека изгледа совршено иако има 53 години.
Нејзините пријатели и колеги велат дека таа редовно вежба и внимава на исхраната. Во последниот период интензивно работи на тренинзи и е задоволна од постигнатите резултати.