(Видео) ХБО објави сцена од последната сезона на „Игра на тронови“

Продуцентската куќа ХБО објави сцена од новата сезона од серијата „Игра на тронови“, неполни четири месеци пред премиерата на последната, осма сезона. Видеото трае само неколку секунди, но обожавателите на хит-серијата коментираат дека се возбудени и со нетрпение чекаат да почне новата сезона. Во видеото Денерис Таргеријан доаѓа во Винтерфел и ова е прва средба на двете жени.

Содржината на последната сезона се чува во најголема тајност. Серијата ќе има само шест епизоди и секоја од нив ќе е подолга од еден час.

Scroll to Top