(Видео) Хилари Даф го нападна папарацото што го сликаше нејзиниот син

Глумицата Хилари Даф на „Инстаграм“ објави видео на кое се кара со папарацо што го сликал нејзиниот син Лука заедно со другите деца од неговиот клуб, додека играат фудбал на училишниот терен. Таа му пријде на фотографот и го праша дали познава некој на теренот, а кога ѝ одговори дека не знае, го замоли да престане да ги фотографира децата. Упорниот папарацо тврдеше дека тоа е легално и покажа дозвола, што не беше доволно за мајката на две деца. Тој ѝ одговори дека само вежба фотографија, а нејзината параноја ја нарече неоправдана.

„Ќе го споделам ова со моите 15 милиони пријатели на Инстаграм и ќе им дадам до знаење колку е морничаво тоа што си избрал да го правиш во сабота наутро. Папараци кои снимате деца, одете ‘вежбајте’ го фотографирањето на возрасни. Чудаци! Законите мора да се променат! Ова е демнење на малолетници. Одвратно“, напиша актерката покрај снимката што ја сними со својот мобилен.

 

Scroll to Top