Австралискиот актер Хју Џекман се соблече гол во рекламата за чевли за „Р. М. Вилијамс“. 51-годишниот актер во видеото носи само чевли на популарниот бренд и вели дека му се толку удобни и убави што не сака да ги нагрди со облека.
„Го поттикнуваме Хју, но и сите луѓе да носат облека со нашите чевли. Облеката е убава, таа е корисна“, стои покрај видеото што компанијата го објави и на „Јутјуб“.
Инаку, Хју деновиве беше во центарот на вниманието кога неколку медиуми објавија дека глумецот е геј, но неговата сопруга веднаш јавно демантира.