(Видео) И покрај ривалството, тие се големи пријатели – Роналдо го кани Меси на вечера

Фудбалерот на Јувентус Кристијано Роналдо на синоќешната церемонија од ждрепката за новата сезона во Лига на шампиони и признанието за најдобар играч го покани својот ривал, но и голем пријател Лионел Меси на вечера.

„Ние ја делиме оваа сцена 15 години. Не знам дали тоа некогаш се случило во фудбалот, двајца на иста сцена, постојано. Не е лесно. Имаме добар однос, но досега немаме заедно вечерано. Се надевам дека ќе го направиме тоа во иднина. Секако дека ми фали играњето во Шпанија. Ние ја водивме оваа битка 15 години. Тој ме туркаше мене, јас него. Добро е да се биде дел од историјата. Јас сум тука и секако и тој е тука“, изјави Роналдо.

На церемонијата Вирџил Ван Дајк го доби признанието за најдобар играч.

Scroll to Top