(Видео) И Жулиет Бинош отсече прамен од косата за поддршка на жените во Иран

Француската актерка Жулиет Бинош отсече прамен од косата во знак на протест поради смртта на Махса Амини, 22 годишна Иранка која падна во кома откако беше уапсена од полицијата за морал во земјата.

„За слобода“, извикува Жилиет Бинош, отсекувајќи прамен од нејзината коса со ножици и насочувајќи ја кон камерата.

Бинош не е единствената, во знак на протест истото го направија и други француски актери како Марион Котијар и Изабел Ипер.

Италијанската песна „Бела Чао“ беше користена како музика во позадина за видеата на кои сечат прамени коса.

Амини беше уапсена на 13 септември во Техеран поради несоодветна облека и почина три дена подоцна во болница, што предизвика бранови протести во Иран во кои досега загинаа повеќе од 130 луѓе, според организациите за човекови права.

„Махса Амини беше злоупотребувана од полицијата за морал додека не умре. Таа беше обвинета за носење хиџаб на несоодветен начин. Таа почина затоа што и беа откриени неколку прамени од косата“, стои во текстот што го придружува видеото на нејзиниот Инстаграм профил.

Соопштението брзо се прошири и на другите социјални мрежи.

„Жените во Иран очекуваат поддршка од меѓународната заедница. Ова е убав начин да се покаже таа поддршка“, изјави за Ројтерс францускиот адвокат Ричард Седиљо, кој ја иницираше акцијата.<

Scroll to Top