(Видео) Иглесиас и Ана уживаат во улогата на родители

Шпанскиот пејач Енрике Иглесиас и неговата сопруга поранешната тенисерка Ана Курникова, велат дека уживаат во улогата на родители.

Пејачот неодамна сподели видео во кое тој се забавува со неговите осумесечни близнаци Николас и Луси.

„Публиката бара да се забавуваме“, прокоментирал Енрике на видеото кое го објавил на социјалните мрежи.

Близнаците се смеат додека пејачот трча пред нивната количка.

Tough audience to entertain 😂🦃

A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias) on

Енрике вели дека Ана понекогаш близнаците ги учи одредени танчерски потези, а тој со нив гледа фудбалски мечеви и ужива во морските летни радости.

Прави се што може за да ги гледа неговите деца насмеани. Авантурите редовно ги објавува на социјалните мрежи.

Иглезијас со Ана е во врска од 2001 година. Се запознаа на снимањето на спотот на Енрике за песната Escape. Станаа родители на 14 декември минатата година. Среќната вест ја објавија еден месец подоцна.

 

Scroll to Top