(Видео) Илон Маск за Ноќта на вештерките се забавуваше со бившата Џастин Вилсон

Новиот сопственик на „Твитер“, Илон Маск за Ноќта на вештерките се појави на забава каде се дружеше со бившата сопруга Џастин Вилсон која беше маскирана и облечена во латекс. Забавата била во организација на Belle Thorne во Беверли Хилс. Траела до утринските часови.

Двајцата останале во добри односи. Разговарале за време на целата вечер, а на крајот заедно си заминале и дома во црвена „Тесла“. Двојката има две деца, близнаците Грифин и Вивиан. Вивиан неодамна одлучи да го промени полот и името, па затоа и ги наруши односите со татко ѝ.

Маск на оваа забава дојде без маска. Претходно како гостин на забавата на Хајди Клум во Њујорк, се маскираше во витез. За потсетување, откако го отпушти целиот одбор во „Твитер“, и стана 100% сопственик на социјалната мрежа, Маск планира да отпушти уште една четвртина од вработените во компанијата.

Scroll to Top